СПОРТФУДБАЛ

Аталанта го доведе португалскиот голман од Рома

Управата на калчолигашот Аталанта не чекаше многу за да доведе голманска замена за Хуан Мусо, кој остана на позајмица во Атлетико Мадрид, а голема е веројатноста и да потшише траен договор со „јорганџиите“ на Симеоне.

Advertisements

Актуелниот шампион во Лига Европа го донесе искусниот португалски голман, Руи Патрисио, кој пристигна како слободен агент откако му истече договорот со Рома.

36-годишниот чувар на мрежата играше уште за домашниот Спортинг и за премиерлигашот Вулверхемптон, каде запиша 112 настапи, а за португалсскиот национален тим одигра 108 натпревари во сите конкуренции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button