СПОРТФОРМУЛА - 1

Аргентинец на местото на Логан Сарџент кај Вилијамс

Вилијамс објави дека 21-годишниот аргентинец Франко Колапинто ќе вози до крајот на сезоната наместо американецот, Логан Сарџент. Многумина очекуваа Вилијамс да го донесе Мик Шумахер, но сепак во тимот проценија дека е подобро да му дадат шанса на возач од нивната академија. Момчето Буенос Аирес го освои шпанското првенство во Ф4 во 2019 година.

Advertisements

Сарџент има ужасна сезона. Во првата трка му го отстапи болидот на Алекс Албон по катастрофалната несреќа на тајланѓанецот на тренинг пред трката за Големата награда на Австралија. Веќе следниот викенд во Јапонија доживеа несреќа на тренинг, а не успеа да стигне до целта ниту во Мајами, ниту во Монтреал.

Сарџент се најде во центарот на вниманието минатиот викенд на Зандворт кога предизвика голема несреќа пред Големата награда на Холандија. Сигурно е дека тоа беше капката што ја прели чашата, шефовите на тимот да се решат шанса да му дадат на младиот аргентинец од академијата на Вилијамс.

Колапинто ја доби шансата и ќе биде првиот првиот натпреварувач во Формула 1 од Аргентина по 23 години. Гастон Макакане возеше за тимот на Ален Прост уште во 2001 година, но не ја заврши сезоната. Дебито на Колапинто ќе биде овој викенд во Монца.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button