ВЕСТИСВЕТ

Израел го нападна Западниот Брег, има мртви и повредени

Десет Палестинци беа убиени во текот на ноќта во израелски напади на неколку места на северот на окупираниот Западен Брег, објави палестинската Црвена полумесечина. Двајца Палестинци се убиени во Џенин, четворица во напад на автомобил во блиското село, а уште четворица во бегалска населба во близина на градот Тубас, изјави Ахмед Џибрил, портпарол на Црвената полумесечина.

Advertisements

„Двајцата загинати од Џенин се префрлени во болницата во Џенин. Четворица Палестинци убиени во бомбашки напад врз нивниот автомобил јужно од Џенин и двајца Палестинци убиени во бегалскиот камп ‘Ал Фара’ се префрлени во болницата во Тубас. Уште двајца Палестинци, браќа на возраст од 13 и 17 години, беа убиени во куќа во кампот ‘Ал Фара’ и нивните тела не можат да се извлечат во моментот“, изјави тој и додаде дека досега се избројани 15 повредени.

Израелската војска соопшти само дека спроведува „контратерористичка операција во Џенин и Тулкарем“ на северот на Западниот Брег, без да даде дополнителни детали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button