
Службите за Итна помош трагаат по две лица кои исчезнаа во поплави и лизгање на земјиштето во јужниот италијански регион Кампанија, соопштија синоќа пожарникарите.
Пожарникарите појаснија дека една жена на 70-годишна возраст и нејзиниот син на 40-годишна возраст исчезнале од областа погодена од одрон во Сан Феличе а Кансело во близина на Неапол.
Новинската агенција АНСА јавува дека обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето на местото лоцирано на ридовите.
Пожарникарите ги евакуираат жителите од областа.
Жолтото предупредување за бури е на сила за голем дел од централна и јужна Италија, вклучително и цела Кампанија.