СПОРТ

Дени Јансен, првиот играч што играл за двата тима во ист натпревар

Американскиот бејзбол играч Дени Јансен влезе во историјата како првиот што играл за двата тима во ист натпревар. Поранешниот тим на Јансен го победи неговиот сегашен тим. Торонто Блу Џејс славеше над Бостон Ред Сокс со 4-1, завршувајќи го натпреварот кој беше прекинат поради дожд уште во јуни.

Advertisements

Така, тој влезе во историјата како прв играч што играл за двата тима во ист натпревар, почнувајќи како фаќач на Торонто на 26 јуни. Тогаш средбата беше прекината токму во моментот кога Јансен требаше да ја фаќа топката во вториот дел.

На 27 јули Јенсен се пресели во Бостон и во понеделникот дури застана на истото место на теренот, но во различен дрес, кога натпреварот продолжи по паузата која траеше точно 65 дена, 18 часа и 35 минути.

Така, 29-годишниот Јенсен кој во својата кариера најчесто е резервен играч, стана познат и влезе во историјата во овој спорт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button