Од Обвинителството велат дека од Мицкоски не добиле пријава за поткуп

Премиерот Христијан Мицкоски не ги достави до обвинителството доказите за обид за поткуп, за изградба на пругата кон Бугарија. Тој вели дека избрал да се соочи со корупцијата со тоа што јавно ја осудува.
Мицкоски вчера објави дека за обидот за поткуп биле известени надлежните органи, но од обвинителството велат дека таква пријава нема.
„Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до сега нема ваква пријава“, наведуваат од Обвинителството.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера, без да открива имиња, изјави дека некој му понудил поткуп за да го потпише тендерот за изградба на пругата кон Бугарија, во износ од 560 милиони евра. За ова вели дека ги известил претставниците на Европската комисија, Европската банка за обнова и развој.. Мицкоски рече дека не може да потпише проект и да потроши половина милијарда евра, пари на граѓаните, за проект кој завршува на половина тунел, во слепа улица на границата со Бугарија“.
Фатлуме Дервиши