СВЕТ

Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори

Британската влада наводно размислува да го забрани пушењето во некои отворени простори за да го подобри јавното здравје, пренесе денеска ДПА.

Advertisements

Забраната за пушење може да важи за градините на пивниците, помалите паркови и рестораните на отворено.

Владиниот портпарол одби да потврди дали таквите планови се навистина се разгледуваат на маса.

-Не ги коментираме информациите што протекуваат во јавноста за да ги заштитиме децата и непушачите од штетните ефекти на пасивното пушење, рече тој.

Владата разгледува серија мерки за конечно да ја заштити Велика Британија од чадот, додаде портпаролот.

Во 2007 година, за време на последната лабуристичка Влада, пушењето во затворени јавни места и работни простории во ОК беше нелегално.

Според Smokefree Action, во првата година по воведувањето на законот за забрана на пушење, болничките приеми во Англија поради срцев удар опаднаа за 2,4 отсто, што во апсолутни бројки значење 12.000 помалку приеми во болница и заштеди на јавноздравствениот систем (NHS) од 8,4 милиони фунти само во првата година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button