СПОРТФУДБАЛ

Кепа Аризабалага се пресели од Челси во Бурнмаут

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага се пресели од Челси во Бурнмаут, соопштија двата англиски клуба. Борнмаут соопшти дека Кепа за клубот од „Виталити“ стадионот ќе биде до крајот на оваа сезона како позајмен играч.

Advertisements

Кепа претходната сезона ја мина на позајмица во Реал Мадрид, каде 20 пати го бранеше голот на мадридскиот гигант во сите натпреварувања. Со Реал ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига.

Шпанскиот голман му се приклучи на Челси во 2018 година, а со лондонскиот клуб ја освои Лигата на шампионите (2021) и Лигата на Европа (2019).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button