ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Со дозвола за оружје ќе се стекне само оној што ги исполнува сите законски услови за тоа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува засилени мерки за контрола на поседувањето на нелегално оружје.

Advertisements

Според него, мора да се дефинира кој се може да поседува оружје во државата.

„Веќе работиме интензивно во насока на откривање како досега од страна на МВР се издавале соодветно дозволи за поседување на оружје. Секој еден граѓанин кој побарал дозвола, посебно ловџиите знаат дека се злоупотребувале овластувањата коишто ги дава законодавецот во рамки на оваа постапка и интензивно работиме на утврдување како е дозволувано привилегирање на лице за добивање дозволи, да издаваат дозволи на лица коишто согласно закон не би смеело да им се издава и да го овозможат овој хаос што го имаме“, рече Тошковски во во интервју за дневникот на МТВ.

Тој најави дека ќе се истражат овие постапки и оти ќе бидат преземени соодветни чекори.

„Над 5 000 луѓе не можеле да се стекнат со дозволи иако ги исполнувале условите, а одреден број на луѓе кои никако не би смееле, се стекнале со право на поседување оружје. Во иднина ќе утврдиме јасна и прецизна процедура како да се стекнат со оружје исклучиво граѓаните кои ги исполнуваат сите законски услови за тоа“, додаде Тошковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button