ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар

Без намера да ја загрозуваме независноста на Уставниот Суд, сметаме дека е неопходно да предупредиме од опасноста прашањето на употребата на Албанскиот јазик како службен јазик да се третира како можност за дневно политичка пресметка, реагираат денеска од ВЛЕН по најавите на претседателот на Уставниот суд дека се должни да ги отстранат дилемите со Законот за јацици и Балансерот.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓу другото се додава:

„Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од анти НАТО партија која го глорифицира комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме, истата да се отфрли со констатација дека е обид за државен удар. Особено што станува збор за оспорување на процесот на стапување на сила на Законот за употреба на јазиците, без да навлегува во неговата содржина.

Доколку ваквата иницијатива евентуално се прифати, тогаш се отвора Пандорината кутија и за промената на Уставното име, кое исто така е извршено без потпис на тогашниот Претседател на Републиката, Ѓорѓе Иванов. Не сметаме дека Уставниот Суд треба да придонесе евентуална ревизија на нашето полноправно членство во најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО Алијансата“, наведуваат од ВЛЕН.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button