СПОРТФУДБАЛ

Откриена и последната понуда од Челзи за Виктор Осимен

Виктор Осимен е најголемиот губитник во летниот преоден рок, не успеа да направи трансфер. Осимен беше пред преселба во Ал Ахли, прифати четиригодишен договор со плата од околу 30-40 милиони по сезона и разумна откупна клаузула од 50-60 милиони евра која се активира по две години. Но, зделката пропадна кога првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Саудијците им побарал дополнителни 5 милиони евра за трансферот.

Advertisements

Потоа претставници на Челси отпатуваа во Неапол и се обидуваа во последните часови од преодниот рок да го договорат Осимен, но фудбалерот нивната понуда ја оцени како понижувачка.

Како што пренесува „Скај Италија“, Челси на Осимен му понудил 8 милиони евра по сезона од кои само 4 биле загарантирани. Останатите 4 биле во форма на бонуси, односно 2 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите и 2 милиони евра за број на настапи и погодоци.

На Осимен не му се допаднала ниту сумата, ниту начинот на исплата, особено бонусот за Лига на шампионите ако се знае дека лани Челси едвај се пласираше и во квалификациите од Конференциската лига.

Напаѓачот во моментов има плата од 10 милиони евра по сезона во Наполи и тоа била неговата долна граница за договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button