Во понеделник, целосен колапс на јавниот превоз во Скопје
Во понеделник, целосен колапс на јавниот превоз во Скопје

На почетокот на новата учебна година јавниот превоз во главниот град ќе биде во целосен колапс. Приватните превозници одлучија да паркираат поголем дел од автобусите од 2 септември. Граѓаните, а особено учениците, во понеделник ќе се соочат со недостиг од 150 автобуси. Приватните превозници нема да работат со полн капацитет во текот на денот, односно на секоја линија ќе има само еден приватен автобус. Учениците се загрижени и не знаат како ќе патуваат до училиште. Граѓаните велат дека со овој проблем се занимаваат веќе неколку месеци, но според нив со почетокот на учебната година хаосот ќе биде уште поголем.
Ваквата одлука на приватните превозници се должи на долгот на Град Скопје кон нив како и на нереализираното ветување за зголемување на тарифата, поради економската криза. Алсат дознава дека во понеделник се очекува средба на претставници на приватните превозници со секретарот на Град Скопје и директорот на Јавното претпријатие. И во минатото имаше обиди да се најде решение. На средбата во Владата меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски, конкретен договор не беше постигнат./Aлсат.мк
Ајнур Бафќари