Потребни се итни мерки за заштита на децата од долгото користење на мобилните телефони
Потребни се итни мерки за заштита на децата од долгото користење на мобилните телефони

Над седумдесет проценти од децата на возраст од шест до седум години користат таблети или паметни телефони. Според една студија, околу 85 отсто од деветгодишните деца постојано се онлајн, додека процентот е уште поголем кај децата до четиринаесет години. Според психолозите, долгото останување на интернет, без да се контролира содржината, има големи последици. Велат мерките на родителите треба да бидат итни.
„Од психолошки аспект, можеби времетраењето не оштетува многу, иако е социјална изолација, но содржината е повознемирувачка и има влијание во помала возраст. Замислете дете кое има пристап до многу веб-страници кои дури и за нас возрасните треба да бидат ограничени и децата да имаат отворен пристап. Децата не ги разбираат работите, не прашуваат, само ги земаат такви какви што се. Затоа гледаме непријатни гестови на децата како агресивност и други вулгарни изрази, бидејќи немаме контрола врз она што тие го гледаат. Дури и игрите кои се за пет, шест или седум години се многу агресивни и со многу банален речник – ова бара од родителот постојано да биде со детето“, рече Фатиме Зибери- психолог.
Наставниците велат дека се поочигледно е влијанието од прекумерната употреба на електронски уреди од страна на децата. Сатки Исмаили вели дека првата последица е несоцијализацијата.
„И на нас наставниците ни треба професионална ориентација, советување со родители, советување со деца и повеќе активности на училиште. Ова е многу загрижувачки , замислете што се случува во Македонија каде што ситуацијата е надвор од контрола, бидејќи немаме такво истражување кое би покажало долгорочна стратегија за образовни прашања за користење на дигитализацијата. Значи, ова се детски дигитални патувања кои се загрижувачки, но ние сме тие кои треба да се грижиме за детското дигитално патување, тоа да се користи за добро, а не да се злоупотребува“, рече Сатки Исмаили- наставник.
Над 93 проценти од децата и младите на возраст од десет години и нагоре се редовни корисници на социјалните мрежи. Јутјуб води со 87 отсто, пред Инстаграм и Снапчат со 53 отсто и ТикТок со 51 отсто./Алсат.мк
Башким Сулејмани