СВЕТ

Разорно невреме во Романија направи незапаметен хаос: куќи и автомобили под вода, снема струја

Разорно невреме во Романија направи незапаметен хаос: куќи и автомобили под вода, снема струја

Силниот дожд што падна на истокот на Романија доведе до поплави во неколку региони, оставајќи зад себе разорни сцени и проблеми за локалното население. Агигеа, Тузла, Костинести, Ефорие, Мангалија и Вама Вече беа најтешко погодени, стотици куќи беа поплавени, а многу улици беа потопени.

Tешкотии во Вама Вече

Advertisements

Во популарното туристичко место Вама Вече ситуацијата е особено тешка. Туристите кои престојувале во хотелот ги нашле своите автомобили полни со вода во саботата наутро, додека одморалиштето моментално е без струја. Во тек е опсежна акција за чистење за санирање на плажата и ублажување на последиците од поплавите.

“Библиска поплава! Почна околу еден часот по полноќ кога почна да врне силен дожд. Не можев да видам метар пред мене”, рекол еден локален жител.

Локалните власти велат дека и покрај големата материјална штета, нема информации за жртви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button