
Манчестер Jунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Ливерпул во најголемото дерби на колото, а тренерот Ерик Тен Хаг даде интересна изјава со која најверојатно нема многумина да се сложат.
Тен Хаг вели дека за време на неговиот мандат „ѓаволите“ биле еден од најдобрите тимови, односно од нив бил подобар само градскиот ривал Манчестер Cити.
„Доколку не го сметаме Манчестер Cити, ние освоивме најмногу пехари во овие две години. Бевме подобри од сите други екипи. Тоа е реалноста и тоа се факти“, кажа Тен Хаг.
„Ѓаволите“ по првите две кола има една победа и пораз во англиската Премиерлига.