Се намалија гужвите за вадење на нови лични документи
Се намалија гужвите за вадење на нови лични документи

Граѓаните и натаму ги менуваат личните документи со новото уставно име на државата, гужви се уште можат да се забележат на пунктовите за промена на документите во главниот град, но оние со кои разговаравме велат дека сега целата процедура оди побргу отколку пред само неколку месеци кога беше речиси невозможно и да се дојде до термин.
Прв Граѓанин (тонски од 1.04 до 1.11 ) – Одлично беше, немаше гужва, супер беше се. (до термин бруг дојдовте?) Да, супер беше се. (Значи нема веќе гужви?) Не, не, се беше добро.
Втор граѓанин (тонски од 1.14 до 1.18 ) Имаше гужва, да. (многу чекавте?) Па час, еден час.
Трет граѓанин (тонско од 1.30 до ) – (Вадевте лични документи, како течеше процедурата?) Да, овојпат многу убаво. Значи, матичниот број беше згрешен од изводот со личната карта, па чекавме два месеци, ама сега бргу завршив. (Значи веќе нема гужви како порано?) Не, добро е.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи пак, од 2021 година па наваму, најголем број барања за промена на личните документи со придавката Северна биле примени за промена на патните исправи.
Изјава тонско Гоце Андреевски, портпарол во МВР (од почеток на видеото до 29 секунда) – Од 5.07.2021 година заклучно со 8 август 2024 година, вкупно примени барања за лични документи со новото уставно име се за патни исправи се еден милион седумстотини и 18 илјади, за лични карти еден милион четиристотинидваесет и една илјада, а за возачки дозволи седумстотинидваесет и пет илјади барања.
Законската обврска пак за промена на личните карти, пасошите и возачките дозволи со новото уставно име поризлезе од Преспанскиот Договор од 2018 година, а иако рокот за сите граѓани да ги променат документите истече на 12 февруари годинава, сепак голем број граѓани и натаму се во процедура или допрва треба да ги менуваат документите. Дел од проблемот беше и немањето на обрасци поради што и граѓаните беа оневозможени да ја завршат обврската, а на телефоните за електронско закажување беше речиси невозможно да се дојде до термин во догледен рок. Најкритично беше во Скопје, каде беше отворен и пункт за промена на документите без закажан термин.