
Мохамед Салах имаше фантастичен меч против Манчестер Jунајтед кој е негов омилен противник, египетскиот фудбалер даде гол и имаше две асистенции во победата од 3-0 на Олд Трафорд.
По натпреварот Салах го потенцираше моментот дека нема понуда за нов договор од Ливерпул.
„Како што знаете ова е моја последна година во клубот, сакам само да уживам, не сакам да размислувам на тоа“, изјави Салах.
„Никој од клубот уште не зборувал со мене за договор, па велам дека ова е моја последна сезона.
Нов договор?
Не зависи од мене, никој од клубот не зборувал со мене,“ изјави Салах.