ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во последната деценија бројот на основци и средношколци намален за 27 илјади

За само десет години, во основните и средните училишта во земјава има за десет отсто помалку ученици. Во апсолутни бројки, тоа се 27 илјади ученици помалку, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), според податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најизразено, според ЦГК, е намалувањето на бројот на ученици во средното образование, каде што за една деценија има 17 илјади ученици помалку. Во основното образование, пак, бројот на ученици е намален за пет отсто, односно за десет илјади ученици. Во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во девет други општини, надвор од Скопскиот Регион.

Advertisements

Бројот на средношколци за една деценија се намалил во 73 од општините во земјава, вклучувајќи го и Град Скопје.

Процентуално, најголем губитник на средношколци е Пехчево, каде што во последните години нивниот број е намален за 83 отсто. Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови – Тетово, Струга и Кичево, Струмица, Гостивар, Куманово и Штип.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button