ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Уставни измени со одложено дејство е едно од можните решенија, под услов да имаме јасна гаранција за членство во ЕУ

Ние како Влада не можеме да влеземе во наивен процес каде само ние ќе правиме отстапки без притоа да имаме јасна гаранција дека како држава ќе бидеме дел од европското семејство, изјави денеска премиерот Мицкоски.

Advertisements

Ова премиерот го кажа како дел од одговорот на новинарско прашање за тоа дали на средбите со европските функционери разговарал за намерата уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата на највисокиот правен акт на државата да бидат со одложено дејство, односно да стапат на сила откако земјава ќе стане поплноправна членка на Европската Унија и дали има некаква поддршка од Европската Унија во оваа насока.

„Од она што можам да го слушнам и од она што можам да сведочам од тие разговори е дека кај одредени постои интерес за придвижување на регионот кон Европската Унија, тука нема никаква дилема и дека дел од тој регион сме и ние како држава. Нашата стратешка цел останува полноправно членство кон Европската Унија. Сите оние регионални иницијативи како што е Берлинскиот процес, ЦЕФТА и слично, ние ги поддржуваме бидејќи во рамките на истите цениме дека полесно можеме да ги артикулираме нашите ставови и да бидеме прецизни во тоа, но нашата стратешка цел е полноправно членство во Европската Унија, нешто што го заслуживме многу одамна, бидејќи ќе ве потсетам повеќе од две и пол децении откако го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација, речиси две децении откако сме кандидати, повеќе од 15 години откако добивме позитивен извештај за отпочнување на преговорите, но поради причини кои веќе им се познати на македонските граѓани не сме во можност да го придвижиме овој процес ние како Влада не можеме да влеземе во наивен процес кадешто само ние ќе правиме отстапки без притоа да имаме јасна гаранција дека како држава ќе бидеме дел од европското семејство“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button