ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првачињата Албанци го добија унифицираниот буквар

Првачињата Албанци го добија унифицираниот буквар

На учениците Албанци од прво одделение денеска им беше врачен унифицираниот буквар на албанската азбука од кој учат и првачињата во Албанија и Косово. Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека со овој буквар, , ќе се зачува и негува стандардниот и унифициран албански јазик.

Advertisements

„Денеска заедно со наставниците, учениците и родителите го инаугурираме унифицираниот буквар за учениците од прво одделение. Овој буквар е потврда на нашите напори да го заштитиме нашето стебло на идентитетот во ера на глобализација и интернет. Во етно-културниот аспект може да се каже дека ја запечатува нашата припадност, додека од практичен аспект, унифицираниот буквар претставува многу важен водич, ако не и суштински, за зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик во децении пред нас“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

„Ќе биде дистрибуиран во сите училишта. Информацијата е дека сите овие книги се депонирани во Институтот за културно наследство и останале таму. Со нашето доаѓање на власт овие книги се поделени на учениците и ќе бидат во рацете на учениците. Одлука на наставниците ќе биде како ќе се користат. Верувам дека и наставниците и учениците со нетрпение очекуваа да го имаат овој буквар во свои раце и верувам дека ќе го користат сите ученици Албанци во Северна Македонија“, додаде Билал Касами, градоначалник на општина Тетово./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button