ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ го обвинува Касами за транспортот на ученици

ДУИ го обвинува Касами за транспортот на ученици

Општинските советници на ДУИ во Тетово, гo критикуваат градоначалникот дека планирал да го даде тендерот за превоз на ученици на фирма која, според нив, нема лиценца за меѓуопштински превоз. Тие, исто така, ја обвинија општината дека има и долгови кон превозниците.

Advertisements

„Гимназијата Никола Штајн во Тетово, според извештајот на Министерството за финансии, е во долгови од 500.000 евра, кои треба да ги расчистат директорот и општинското раководство. Второ, Општина Тетово, имајќи договор со транспортна компанија, одлучи да го раскине овој договор и да го даде на друга компанија блиска до Билал Касами, која не поседува дозвола доделена од Општина Тетово”, рече Лиридон Диша, општински советник на ДУИ.

Веднаш следеше реакцијата на градоначалникот на општината Билал Касами. Тој ја обвини ДУИ, дека во минатото манипулирала со тендерите, што според него во моментов не се случува.

„ДУИ во минатото си играше со тендери и тоа е препознатлив знак за нив. Во ниту еден момент не сме правеле вакви калкулации, во минатото имало вакви игри. Се работи за организирање на јавниот превоз – во две и пол години од моето владеење немаше стагнација на јавниот превоз и нема да има. А на последниот состанок на советот беше усвоено да се промени рокот за аплицирање за лиценца на компаниите кои се занимаваат со превоз на ученци, и ние само сакаме да имаме поголема либерализација на компаниите кои се занимаваат со превоз на ученици“, нагласи Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

Од Општина Тетово најавуваат, како што велат, „нулта толеранција“ во исполнувањето на критериумите за компании кои ќе вршат превоз на ученици со цел превозот на учениците да биде што побезбеден./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button