Очекува ли МВР немири оваа есен? Еве што вели министерот Тошковски

МВР покажа дека може да се справи со сите предизвици во рамки на своите надлежности и успешно ќе се справи со евентуални протести или немири кои би можеле да се случат во престојниот период, рече денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Запрашан дали МВР очекува немири оваа есен по најавеното изјаснување на Уставниот суд дека ќе ја разгледува уставноста на законот за употреба на јазиците и реакциите на несогласување од страна на албанскиот политички блок, Тошковски вели:
„МВР ќе одговори на секој предизвик којшто ќе се постави пред него, во рамки на негови надлежности. Покажавме до сега дека можеме да се соочиме со сите предизвици и да ги решиме соодветно. Така ќе биде и во иднина. Дали има најави за немири оваа есен, од аспект на протести – да, имаше изминатиот период такви информации. Дали ќе се справиме со нив – да!“, рече Тошковски.