СПОРТФУДБАЛ

Тен Хаг се уште има поддршка од спортскиот сектор управуван од Џим Ретклиф

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ја доби поддршката од челниците на клубот по дебаклот против нивниот најголем ривал. Во неделата Јунајтед беше убедливо поразен од Ливерпул со 0-3 на „Олд трафорд“, што е втор пораз за „Црвените Ѓаволи“ во првите три кола од Премиерлигата.

Advertisements

Тен Хаг го „преживеа“ катастрофалното осмо место минатата сезона, што беше најлошиот пласман на тимот од 1990 година, благодарение на триумфот во финалето на ФА Купот над градскиот ривал Сити.

Сепак, веќе во првиот месец од новата сезона, холанѓанецот повторно е под притисок да поднесе оставка бидејќи и покрај повеќе од 200 милиони евра вложени во засилувања, Јунајтед не делува како конкурентен тим за највисок пласман. Доколку Јунајтед загуби од Саутемптон по репрезентативната пауза на 14. септември, тоа ќе биде најлошиот почеток на сезоната од 1986/1987 година.

Тогаш „ѓаволите“ освоија само бод во првите четири кола, а за два месеци тренерот Рон Аткинсон доби отказ и на негово место дојде Сер Алекс Фергусон. Засега, Тен Хаг има поддршка од спортскиот сектор управуван од новиот косопственик Сер Џим Ретклиф.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button