ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите поделени за интерпелацијата за Гаши

Ставовите меѓу политичките партии, еден ден по неуспехот на интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши, остануваат поделени. Од СДСМ велат дека неказнивоста на функционерите се враќа во земјава.

Advertisements

Од Левица нагласуваат дека според власта повредата на Уставот не е толку голем проблем.

„Овој снобизам гласачите го казнуваат, така што овој феномен на популистички партии се вели дека е бунт на гласачите против естаблишментот, кои за да ја оправдаат својата перпетуална владејачка позиција, сметаат дека нивната моќ и нивните пари се добиени по заслуга. И тука лежи проблемот“, велат од Левица.

Реагираа и од ВРЕДИ. Велат дека со поддршката за спикерот, пропаднале сценаријата за дестабилизација .

„Синоќа со голема поддршка што ја доби претседателот на Собранието , Африм Гаши, уште еднаш се покажа дека владиното мнозинство е стабилно и нема знаци на нестабилност. Покрај тоа, оваа интерпелација го изведе на површина новиот коалиционен блок за дестабилизација на земјата, Левица-СДСМ-ДУИ. Инаку, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на поголем проект на ова трио, чија цел е дестабилизација на земјата.“, рекоа од ВЛЕН.

Интерпелацијата против Гаши доби 21 глас „за“ и 72 „против“. Претседателот на Собранието сметаше дека интерпелацијата иницирана од Левица е интерпелација поради неговата етничка и верска припадност. Левица, пак, наброја десетина прекршоци, процедурални и правни.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button