ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Турскиот министер за надворешни работи денеска доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на земјава.

Advertisements

Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски – Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес.

Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Фидан ќе го посети и Собранието на РСМ каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button