ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

СЗО: Успешно заврши првата фаза од вакцинацијата против детска парализа во Газа

Во Појасот Газа успешно е завршена првата фаза од вакцинацијата против полиомиелитис, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Advertisements

Акцијата овозможи речиси 200.000 деца кои се наоѓаат на палестинска територија да ја примат првата доза од вакцината, пренесува Агенцијата Франс Прес (АФП).

Болеста се прошири во Појасот Газа откако повеќето од неговите 2,4 милиони жители беа принудени да ги напуштат своите домови поради израелската воена офанзива започната како одговор на нападот од 7 октомври лани што во Израел го изврши Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button