ВЕСТИСВЕТ

Пукање пред израелската амбасада во Минхен, напаѓачот е убиен

Утрово во центарот на Минхен, во близина на Нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање, при што едно лице било убиено.

Advertisements

„Во областа Каролиненплац, полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, извести полицијата на социјалната мрежа Икс.

Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледало дека носи оружје. Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени.

Засега нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button