МАКЕДОНИЈА

Приведен битолчанец осомничен за подметнување пожар

Жител на битолското село Кременица на 27 годишна возраст вчера попладне околу 19 часот и 20 минути бил приведен од страна на Полициското одделение Велушина при СВР Битола под сомнение дека подметнал пожар.

Advertisements

МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

– При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот, информираат од МВР.

И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување на настанот за него ќе биде поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button