ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште активен пожарот во Мариовско

Пожарот во Мариово е сè уште активен, а со огнот се опфатени околу 8 000 хектари. На терен, како што изјави началничката на прилепскиот кризен штаб, Ирена Стерјоска-Локвенец, се околу 150 пожарникари, кои работат на спречување на ширењето на огнот во околните села.

Advertisements

„Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта. Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на АРМ и на полицијата и вложуваат натпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови“, рече Стерјоска-Локвенец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button