ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните автобуси не го ублажија проблемот со јавниот превоз

Пред само неколку дена на скопските улици се вратија да сообраќаат прватните превозници кои неколку месеци не возеа поради долгот што ЈСП го имаше кон нив, но тоа не го ублажи хасот во јавниот превоз.

Advertisements

Пред една недела скопскиот совет не го изгласа предлогот за набавка на нови автобуси. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека тој е за поддршка на планот за набавка на автобуси, но според него, ова прашање не би го решило проблемот годинава.

Градоначалничката Арсовска пред неколку недели го повика премиерот да ги убеди советниците од неговата партија да одобрат набавка на 250 еколошки автобуси,но, овој предлог не помина на Советот на Скопје. Токму по ова прашање премиерот Мицкоски рече дека владата може систематски, а не парцијално да ги решава проблемите и додаде дека се размислува да се направи пакет за сите општини, вклучително и градот Скопје кои имаат потреба од организиран јавен превоз на градот за набавка на автобуси. Сè додека не се реши проблемот со градскиот превоз во Скопје, студентите, пензионерите, вработените и сите граѓани кои патуваат со јавен превоз ќе се соочуваат со недостиг на автобуси и доцнење на нивните дестинации.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button