ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставен: Законот за јазици го чекал комплетирањето на Судот

Нема јасен одговор зошто Уставниот суд пет години по ред не расправале за законот за употреба на јазиците, како предмет од висок општествен интерес. Причините, според Уставниот суд, се големиот обем на предмети и пензионирањето на судиите. Во одговорите од овој суд, по низа прашања испратени од АЛСАТ, се вели дека во 2022 година одобриле решение дека предметите за Законот за употреба на јазиците и предметите за Договорот од Преспа и за електронските комуникации не треба да бидат ставени на дневен ред додека не се комплетира составот на Уставниот суд.

Advertisements

Уставен суд:
„Откако Уставниот суд се комплетираше, во 2023 година се донесе уште еден Заклучок дека предметите ќе бидат ставени на дневен ред септември/октомври 2023 година, со оглед на фактот дека овие три предмети се најстари и на нив се работи неколку години, а во изминатиот период и судии и советници кои ги работеа отидоа во пензија“.

Но, покрај ова, во одговорот на Уставниот суд се наведува дека судиите кои работеле на овие предмети побарале дополнително време бидејќи се жалеле дека се обемни.

Уставен суд:
„По смената на раководството на Уставниот суд, претседателот д-р Дарко Костадиновски најави дека ќе води сметка да се скрати времетраењето на постапките и ќе ги стави на дневен ред сите предмети кои ќе бидат предадени од судиите, при што Законот за електронските комуникации е ставен на дневен ред на седницата на 25 септември, а Законот за јазиците го предложи за дневен ред на седница на почетокот на октомври, веднаш штом беше предаден од судијата известител“.

На прашањето дали е поважно Уставниот суд да ја одобри одлуката за Законот или да не поттикне дестабилизација, Уставниот суд вели дека на одлуката не треба да се гледа како закана.

Уставен суд:
„Одлуките на Судот не треба да се гледаат како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти“.

На прашањето дали интервјуто во кое тој најави дека Законот за употреба на јазикот ќе биде на дневен ред било нарачано, Уставниот суд наместо одговор, го цитира претседателот Костадиновски дека сите актери треба да имаат поголема демократска зрелост и уставна, правни и политичка култура. Инаку, од 2001 до 2018 година тој бепе советник во кабинетите на претседателите на државата, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Дарко Костадиновски е член на Уставниот суд од 11 јануари 2018 година, додека од 4 јуни е претседател на Уставниот суд.

Една година откако стана член на Уставниот суд, беше критикуван зашто ка бранеше одлуката на Уставниот суд за времено укинување на мораториумот за градење во општина Центар, кој ги фаворизираше градежните компании. На седницата на која се расправаше за ова прашање, Костадиновски изјави дека мораториумот е незаконски и треба да се прифати иницијативата на градежниците.

Во 2021 година беше мета на критики бидејќи во услови на судир на интереси гласаше по иницијатива на клиентите на банкротираната Еуростандард банка. Костадиновски потврди дека бил во пријателски односи со Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, кој бил најголем акционер во оваа банка но не се повлече од гласањето. Антикорупциска во тоа време го покани да го претстави конфликтот на интереси. Костадиновски ја изненади јавноста кога како гром од ведро небо најави расправа за Законот за употреба на јазиците.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button