
Аргентина го одигра првиот меч по освоената титула на Копа Америка и имаше можност да го слави трофејот со домашните фанови во Буенос Аирес, а атмосферата беше уште подобра и поради остварената победа над Чиле.
„Гаучосите“ продолжија да победуваат во квалификациите за Светското првенство и без проблеми се справија со Чиле, и тоа во ситуација кога во тимот го немаше Лео Меси, но и неодамна пензионираниот Анхел Ди Марија.
Останатите аргентински фудбалери покажаа дека знаат да победуваат и без ветераните, а рано утрово во прв план се најдоа Лаутаро Мартинез, Мак Алистер, Алварез и Дибала.
Првите двајца режираа спектакуларна акција за водство од 1:0, ситуација во која Лаутаро на генијален начин му ја пропушти топката на Мак Алистер кој погоди за предност.
Во продолжение, Алварез постигна спектакуларен гол со својата послаба лева нога за 2:0, а Пауло Дибала исто со силен удар ги постави конечните 3:0.
Извор: Дерби