СПОРТ

ВИДЕО/ Cкандинавски дуел, Дуплантис постигна одлично време на 100 метри

Мондо Дуплантис, светскиот шампион во скок со стап покажа дека е и исклучителен спринтер. На егзибициската „Трка на светските шампиони“ во Цирих, Дуплантис се тркаше на 100 метри против светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм.

Advertisements

Швеѓанецот Дуплантис постигна одлично време од 10,37 секунди, додека Вархолм заостана десет стотинки.

Дуплантис и Ворхолм заедно имаат четири олимписки медали, три златни и еден сребрен и единаесет светски рекорди, соборени девет пати од Дуплантис, а двапати од Ворхолм.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button