СПОРТФУДБАЛ

Матео Ковачиќ ќе продолжи во Ал Наср, заедно со Кристијано Роналдо?!

Матео Ковачиќ би можел да продолжи во саудиски Ал Наср заедно со Кристијано Роналдо, пренесуваат американски медиуми. 30-годишниот Ковачиќ би заработувал нешто повеќе од еден милион евра неделно, со што би станал еден од најплатените фудбалери во историјата.

Advertisements

„Си-Би-Ес“ тврди дека веќе биле активирани сите механизми за трансфер на Ковачиќ, но го пропуштиле рокот во понеделник бидејќи не успеале да го продадат Садио Мане навреме за да направат простор за друг странец.

Во Ал Наср игра уште еден Хрват, Марсело Брозовиќ. Ковачиќ на годишно ниво би можел да заработи околу 64 милиони евра. Тоа е приближно седумпати повеќе отколку што заработува во англискиот шампион, околу девет милиони евра годишно, а неговиот договор е до летото 2027 година.

Така хрватскиот репрезентативец би станал еден од најплатените фудбалери во светот. Поточно, според достапните податоци, тој би бил седми, пред Мане, кој заработува околу 63 милиони евра. Најплатен играч во светот е Роналдо, кој заработува нешто помалку од 300 милиони евра по сезона, а потоа следат Нејмар, Бензема, Мбапе, Меси и Халанд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button