СПОРТФУДБАЛ

Роналдо: Можам до 1.000 голови!

Португалецот, Кристијано Роналдо вчера стигна до бројката од 900 голови во кариерата, но нема намера тука да застане.

Advertisements

Искусниот Португалец порача дека негова главна цел во овој момент кога се головите во прашање е бројката од 1.000 голови.

Роналдо верува дека ако не го спречат повредите може да дојде до такво нешто.

„Сакам да дојдам до бројката од 1.000 голови. Ако нема повреди, верувам дека можат. Постојат снимки од сите голови кои сум ги постигнал. Нема да застанам тука“, изјави Роналдо.

Португалскиот ас емотивно го доживеа својот гол и не можеше да ги задржи солзите.

Извор: Спортски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button