ВЕСТИЗДРАВСТВО

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица се евидентирани од 30 август до 5 септември, со што вкупниот број заболени во државава се зголеми на 1,074, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Advertisements

Најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје – 14, а петмина заболени се од Тетово, тројца од Кратово, двајца од Куманово и еден од Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 60 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година.

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, шест се комплетно вакцинирани и едно е вакцинирано согласно возраста.

Од новите случаи, пет лица биле хоспитализирани. Од вкупниот број заболени, кај 1,067 лица се регистрирани симптоми, додека кај седуммина болеста била во асимптоматска форма.

Во тек се три епидемии пријавени на ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button