МАКЕДОНИЈА

Доктор Жарко Караџовски позитивен на коронавирусот

Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, е позитивен на коронавирусот. Информацијата попладнево ја објави Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека Караџовски се чувствува добро и оти останува во домашна изолација. Во изолација е и неговата сопруга.
– Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button