Продолжуваат истрагите за евентуални финансиски злоупотреби во Државна лотарија.
Продолжуваат истрагите за евентуални финансиски злоупотреби во Државна лотарија.

Случајот со Државна Лотарија, една од институциите која е предмет на истрага за бројни финансиски злоупотреби, допрва ќе треба да добие институционална разрешница. Од обвинителството за Алсат велат дека надлежните органи и натаму вршат проверки за сите обвинувања во јавноста поврзани со евентуални злоупотреби во таа државна институција.
“Во врска со наводите за случајот со Државна Лотарија, се преземаат дејствија во предистражна постапка”.
Откако Перпарим Бајрами ја презеде директорската функција во Лотарија доаѓајќи на местото на Александар Климоски, од тогаш па наваму, истражителите секојдневно ги проверуваат одлуките и договорите склучени од претходниот директор Климоски. Како што објави Радио Слободна Европа, Државната лотарија за 13 месеци исплатила над 300 илјади евра на фирмата „Хеј“ за закуп на поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ во Визбегово, во кој се чуваат терминали за коцкање купени за 19 милиони евра. Државнат Лотарија од јули минатата година па досега, на фирмата „Хеј“ за закуп на просторот и исплатила 25 илјади евра. Оваа компанија пак е позната во јавноста, бидејќи на чело на неа стоеле луѓе блиски или поврзани со семејството на лидерот на Дуи, Али Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и лица блиски до поранешниот пратеник Исмаил Јахоски. Од она што е веќе познато во јавноста, припадници на МВР и истражители од на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја чешлаат целата документација поврзана со објавените огласи, тендери, склучени договори, но и секоја друга пропратна документација поврзана со јавните набавки. Покрај ова, под истрага влегува и основањето на три нови компании за организирање на игри на среќа: „77 битс“, „Весув“ и „Моцарт“. Во овие компании државното акционерско друштво има 51% од сопственоста, додека приватните компании од Бугарија, Србија и Црна Гора, како косопственици поседуваат 49 проценти. Пред месец дена со одлука на Влада а претходно врз автентично толкување на неколкумина членови во Законот за игрите на среќа беше констатирано дека Државна Лотарија во неколку пари споделувала лиценци во спротивност со законот. Министерство за финансии сите докази ги доставил во ОЈО./Alsat.mk
Михаило Донев