Македонија денеска ја одбележува 33-годишнината од независноста
Македонија денеска ја одбележува 33-годишнината од независноста

Премиерот Христијан Мицкоски по повод 33-годишнината од независноста на државата ги промовираше 10-те принципи врз основа на кои треба да функционира државата. Мицкоски рече дека борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото ќе продолжи. Тој повика на национално единство за прашања од национален интерес. Шефот на извршната власт повтори дека најавува мораториум на теми кои поттикнуваат меѓуетнички тензии.
Мицковски упати пораки до опозицијата и нагласи дека како што ветил пред изборите ја однесе ДУИ во опозиција, додека СДСМ ги повика на реформи.
Христијан Мицкоски – премиер на РСМ
Претседателката Гордана Силјановска Давкова во честитката до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија рече дека ентузијазмот и надежта, за жал, се засенети од многуте предизвици со кои се соочивме како држава.
„Треба да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме Република Македонија пристојно место за живеење, кое ќе даде еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република која ќе се грижи за најдоброто, вклучително и за различните, во солидарност со сиромашните и фер за сите. Само со европеизација на државата, со владеење на правото и борба против корупцијата, со функционални институции, со конкурентна економија и мерит систем ќе им овозможиме на младите генерации да го остварат правото да си ја бараат судбината дома“, рече Гордана Силјановска Давкова – Претседателка на РСМ.
Македонија денеска ја одбележува 33-годишнината од независноста од поранешната југословенска федерација, преку референдумот, со кој беше прогласена за независна и суверена држава во 1991 година./Алсат.мк
Авни Тахири