ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три години по трагедијата во модуларната болница Ковид во Тетово

Три години по трагедијата во модуларната болница Ковид во Тетово

Три години по трагедијата во модуларната болница Ковид во Тетово, се уште нема разрешница. 14 лица, од кои 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини го загубија животот во пожарот што ја пеплосаа модуларната болница во Тетово, за не повеќе од 3 минути.

Advertisements

Објектот во Тетово беше еден од 29-те модуларни изградени за справување со големиот број заболени од Ковид. Досегашните истраги покажаа само дека пожарот е последица на продолжен кабел кој се запалил откако дефибрилаторот бил употребен кај еден од хоспитализираните пациенти.
Обвинителството молчи и не дава информации во која фаза е истрагата. Истрагата што ја води обвинителката Елизабета Јосифовска мора да даде одговори дали имало злоупотреби во тендерската документација за модуларната болница.

Сомнежите за непочитување на стандардите при изградбата, употребата на материјали кои лесно горат и други пропусти се дел од сериозните сомнежи кои Обвинителството треба да ги расветли, но се уште нема ништо.
Во меѓувреме, на 25 септември се очекува одново да почне судскиот процес против поранешните директори на Болницата, бидејќи поради нејасноста на пресудата Апелација ја врати на повторно судење. Докторот Бобан Вучевски, кој кобната ноќ беше дежурен, е ослободен од обвиненијата. Според Обвинителството, болницата немала противпожарни апарати, а членовите на семејствата на пациентите биле внатре во болницата и покрај строгите медицински препораки за превенција од Ковид. За случајот неколкупати се одржуваа протести, а членовите на семејството го поздравија повторното судење и очекуваат правдата да биде задоволена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button