
Уништените шуми никогаш не можат да се заменат, ќе бидат потребни децении за планинините да станат тоа што беа. Вака пожарникарот Артан Демири од волонтерското здружение „Бајрам Мифтари“ ја опишува двомесечната битка со пожарите. Тој вели дека пожарите биле многубројни и тешко изгаснати, додека целата интервенција за гаснење ја направиле со свои средства, без помош од државата.
„Не ни треба никаква помош од државата, освен од Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи имаме соработка со нив. Ние сме тим за брза интервенција и таму каде што има пожари во Република Северна Македонија, како тим од пожарникари волонтери кои оперираме во градот Скопје, ќе одиме да помогнеме„, рече Артан Демири, претседател на волонтерското здружение „Бајрам Мифтари“ од Чаир.
Основен алат за гаснење имаат, но Демири вели дека никогаш не е доволно бидејќи пожарите се непредвидливи.
„Примарен алат имаме, челични метли за гаснење на планински пожари, бидејќи сме тим специјализиран за гаснење на планински пожари, вежбавме во Словенија и немаме проблеми со тоа“, додаде тој.
Во текот на летото имало вкупно 1952 пожари, а најголем број од нив имало во месец август. Најтешки за гасење биле во неготинскиот регион и свети николско./Алсат.мк