ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата да се реформира и да ја прифати платформата на обединување на премиерот Мицкоски

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира, а потоа да прифати единство на најважните прашања за државата, односно се она што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување. Ова денеска порача владеејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера премиерот Мицкоски во својот говор на централната свеченост од одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември соопшти десет принципи околу кои, како што рече, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори во општеството, а не само на власта „или неколку партии во опозицијата“.
„Ова се принципите за обединување: правда и правна држава, стоп за партизацијата на општеството, крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кои се кријат лукративни интереси, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните, праведно општество, силно образование, исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ, национално и државно единство, борба против иселувањето, градење на заеднички патриотизам“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочуваат дека со лицемерна и двочична политика, како и дека со истите и потрошени кадри не се гради единство.