СПОРТФУДБАЛ

Враќањето на ѕвездата на Ал-Хилал е одложено за уште два месеци?!

Закрепнувањето на Нејмар не оди според планот, поради што враќањето на ѕвездата на Ал-Хилал е одложено за уште два месеци, тврдат арапските медиуми. Ова го покажаа прегледите направени изминатите денови.

Advertisements

Бразилскиот напаѓач нема играно околу една година откако ги скина лигаментите на левото колено и беше опериран.

Пред извесно време се очекуваше дека 32-годишниот играч ќе биде блиску до повторно појавување на теренот, но очигледно работите не одат според планот.

Тука се појавува уште едно прашање поврзано со учеството на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони. Прашање е дали Нејмар треба да биде регистриран за ова натпреварување. Доколку тоа се случи, еден од странците во клубот треба да биде изоставен од списокот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button