СПОРТФУДБАЛ

Крај на фудбалската кариера за поранешниот фудбалер на Барса и Тотенхем

Поранешниот фудбалер на Барселона и Тотенхем, Паулињо, реши да објави крај на фудбалската кариера. Играчот за врска има 36 години и последен клуб му беше Коринтијанс, а сега објави спортска пензија.

Advertisements

„Оставив големо наследство. Во последниот меч со Коринтијанс, со 45.000 навивачи, чувствував дека тоа ќе биде мојата последна средба и дека нема подобар начин да се повлечам“, прокоментира Паулињо.

Во својата играчка кариера Паулињо настапуваше за десет клубови, а најпознати од нив без сомнеж се Барселона и Тотенхем. Сепак, фудбалскиот пат го одвлече по високата кинеска плата и тука беше неговиот крај во европскиот фудбал.

Исто така Паулињо од 2011 до 2018 година запиша и 58 настапи за репрезентацијата на Бразил, постигнувајќи 13 гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button