ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Прочитани се шупливите пораките на Мицкоски

Од СДСМ се огласија со реакција на вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски по повод свечената академија во Македонската филхармонија и 33-годишнината од независноста на Македонија. Според партијата, протоколарните пораки за обединување, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци.

Advertisements

-Повиците за декриминализација на опозицијата се очаен обид да се покријат сопствените скандали во кои тоне Мицкоски. Освен партиската говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата, Мицкоски не успеа да докаже никаква криминализација. Но докажа дека тој ја криминализира, партизира и злоупотребува државата секој ден, истакнуваат од СДСМ.

Од партијата на Венко Филипче тврдат дека пораките на премиерот се „шупливи со кои сака да глуми конструктивност“.

-Шупливите пораки со кои сака да глуми конструктивност се веќе прочитани. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување, тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да го прикрива семето на поделбите и омразата кое го сее, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button