Експертите оценуваат дека е невозможно да се „замрзнат“ етничките прашања
Експертите оценуваат дека е невозможно да се „замрзнат“ етничките прашања

Етничкото прашање не е урбанистички план за ставање во мораториум, но тоа е прашање што мора да се реши. Вака аналитичарот Ќенан Алиу ја коментира идејата на премиерот Христијан Мицсоки. Според Алиу, етничката еднаквост е многу подлабока и мораториумот само ќе ги влоши меѓуетничките односи.
„Одбележувањето на независноста на државата не е настан во кој треба да се прогласи мораториум. Таму треба да се нагласи дека ќе има акција од страна на владата и надлежните органи, бидејќи рамноправноста на етникумите не е прашање што може да се стави под мораториум. Правата на граѓаните и етничките права се прашања кои се развиваат со текот на времето и околностите ширум светот. Затоа, етничките прашања не се урбанистички план да се стави мораториум, тоа се прашања што мора да се решат“, рече Ќенан Алиу, експерт.
За да се спречат меѓуетничките поделби и конфликти, Алиу вели дека власта мора континуирано да соработува со партнерот во власта и со опозицијата.
„Значи, ја имаме познатата аксиома, демократијата, владеењето се дијалог, тие бараат континуиран дијалог, не им требаат мораториуми. Само дијалог, особено со владиниот партнер Влен, но и со опозицијата, бидејќи власта што не кохабитира со опозицијата може да наиде на ќорсокак во развојот и напредокот на владината политика во државата“, додаде Ќенан Алиу, експерт.
Премиерот веќе неколку пати го повтори ставот дека треба да се воведе мораториум на етнички прашања. Неодамна изјави дека треба да се стави крај на долгата листа на желби за етнички права зад која, според него, не стои ништо друго освен личните интереси на одредени поединци.
Премиерот Мицкоски ова го изјави на централната манифестација по повод 8 Септември, Денот на независноста./Алсат.мк
Линда Ебиби