СПОРТ
Репрезентацијата на Македонија ги спроведува последните подготовки против Ерменија во Скопје
Репрезентацијата на Македонија ги спроведува последните подготовки против Ерменија во Скопје

По ремито 1-1 против Фарски Острови, репрезентацијата на Македонија ги спроведува последните подготовки во пресрет на вториот натпревар од Лигата на нации, против Ерменија во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски не беше задоволен од првото полувреме во предизвикот против Фарските Острови, особено од дебитантите, па најави промени во првата формација, за натпреварот утре, на стадионот „Тодор Проески“ од 20.45 часот.