ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Врнежливо и посвежо, попладне со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, а на повеќе места во земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот се очекува локално да има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина од над 70 километри на час и услови за појава на град. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 16 до 24 степени.

Advertisements

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутр, до 22 степени во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button