СПОРТФУДБАЛ

Ван Дијк сака сака да го продолжи договорот со англискиот клуб

Капитенот на Ливерпул и холандската фудбалска репрезентација, Вирџил ван Дијк изјави дека сака да го продолжи договорот со англискиот клуб. Ван Дајк има договор со Ливерпул до 30. јуни следната година. Тој во летниот преоден рок имаше понуди од клубови од Саудиска Арабија, но реши да остане во тимот од „Енфилд“.

Advertisements

Британските медиуми наведуваат дека холандскиот фудбалер во случај да не ја продолжи соработката со Ливерпул, веќе во јануари следната година би можел да започне преговори со други клубови.

„Сакам да ги водам Ливерпул и Холандија во следните две години. Размислував за се, особено по елиминацијата од Англија во полуфиналето на Европското Првенство. Примивме гол од Англија во последната минута, по тој натпревар бев многу разочаран и полн со емоции“, изјави Ван Дајк.

Ван Дајк (33) е член на Ливерпул од 2018 година. За клубот од „Енфилд“ одигра 273 натпревари и постигна 23 гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button