ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јаневска: Од јануари образовни асистенти и во средните училишта

Учениците со попреченост во средното образование ќе добијат образовни асистенти, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
„Законот многу скоро ќе биде ставен на расправа, потоа има процедура да помине на Влада, да се поднесе во Собрание. Многу скоро ќе биде ставен, сите ќе може да го видат и да дадат сугестии и забелешки и најрано што очекувам е тие да почнат со работа во јануари 2025“, рече Јаневска.
Меѓу новините во законите е што се дава можност асистентот да го следи ученикот за време на целото образование, освен ако не престане потребата, ако асистентот си замине или на инсистирање на родителите, ако сметаат дека може да постигне успех со друг асистент.